Tuesday, April 14, 2009

Си го видов минатото

Бело во темен превезок
интимно се поврзував со песокот,
зрнце по зрнце се толкуваат
зачетоците обземени од мојата тага
трагајќи по видливоста сред бел ден,
хиерархијата на солзите се умилкува
под клацкалката на препевот,
а смевот е коцка ледена потстрижена
длабоко како митот за жртвеното јагне,
калајџиски тропаат мислењата кои траат
вечно под притисокот на присутноста
виулица истегната под кожата, болно преспива
а јас во невина вода се окапав, молејќи за прошка
како трошка исфрлен над староседелците кои молчат
архаично...
Феноменолошки заклан како клетка преобразена
во далекосежен допир се ткае невестинското бело лице
бликав во изгрев накитен со млитави рози во мрак
а недогледот се полнеше во бара заборавена од твоите погледи.

No comments:

Post a Comment